Комисијата за заразни болести предлага 14–дневна самоизолација за патниците од Велика Британија – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/20 9:45 AM

Комисијата за заразни болести предлага 14–дневна самоизолација за патниците од Велика Британија

Министерството за здравство соопшти дека на утринскиот состанок, Комисијата за заразни болести усвои нова мерка – 14 дена самоизолација за сите граѓани кои во земјава со директни летови ќе дојдат од Велика Британија.

Оваа нова предлог рестриктивна мерка, за влез во земјава, како што се посочува, ќе биде предложена на Главниот координативен штаб, а е донесена превентивно по информациите дека нова мутација на коронавирусот, се шири во Англија и според првичните епидемиолошки анализи е позаразна.

Комисијата за заразни болести засега не ја разгледува опцијата да предложи дополнителна мерка – како задолжителен ПЦР-тест за влез во нашата земја, односно да предложи рестриктивна мерка за влез или излез од земјава, истакнуваат од Министерството за здравство и апелираат до сите граѓани кои патуваат да ги почитуваат здравствените протоколи, како задолжително носење заштитна маска во автомобил или друго превозно средство, а превозниците да ја почитуваат мерката за бројот на патници се со цел заштита на здравјето на граѓаните.