Кај еден патник кој од Велика Британија пристигнал во Италија, откриен е Ковид-19 кој се шири значително побрзо, пренесува агенцијата Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство на Италија се истакнува дека, како резултат на тестовите и прегледите извршени од Научниот оддел на Воената поликлиника „Челио“, на пациент кој неодамна дошол во Рим од Велика Британија, детектиран е „ мутираниот облик на коронавирусот кој значително побрзо се шири.“
Се наведува дека пациентот од Велика Британија пред неколку дена пристигнал на аеродромот „Фиумичино“ во Рим и бил задржан во изолација, а постапките утврдени од италијанското Министерство за здравство биле применети и кај луѓето кои биле во контакт со него.
Во меѓувреме, италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца потпиша нов указ со кој се прекинуваат летовите меѓу Велика Британија и Италија до 6 јануари, заради уште позаразниот тип Ковид-19 што се појави во таа земја.