Времето утре облачно, по котлините со магла, од петок дожд и намалување на температурите – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/20 10:33 PM

Времето утре облачно, по котлините со магла, од петок дожд и намалување на температурите

Времето утре ќе биде претежно облачно, по котлините со магла и ниска облачност. Претпладне во јужните делови ќе има слаб локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје, значително облачно, претпладне со магла и ниска облачност. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во наредните денови ќе продожи  периодот на стабилно и суво време со појава на магла и ниска облачност по котлините. Промена на времето се очекува од петок попладне, која ќе биде проследена со повремени врнежи од дожд и со опаѓање на дневната температура.