Смртта на еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, Диего Армандо Марадона, по еден месец се уште е во фокусот на светската јавност, а овојпат неговиот адвокат Матијас Морла откри нови барања.
Имено, популарниот „Ел Пибе“ изразил желба неговото тело да биде балсамирано по смртта и ставено во Мавзолеум, по примерот на Владимир Ленин.
„После подлабока анализа, сакам да ја изразам својата желба, по смртта моето тело да биде балсамирано и изложено во музеј.Телото треба да биде опкружен со трофеи, награди што ги освојував за време на мојот живот и други скапоцени предмети, така што моите обожаватели сè уште можат да ме обожаваат,“ напиша Марадона во писмо на 13 октомври, еден месец пред неговата смрт.
Морла, која е законски застапник на последната девојка на Диего, Вероника Оеда, додава:
-„Планот е да се изгради тој мавзолеј, каде што навивачите би можеле да се собираат. Марадона разговараше за ова и со неговите браќа. Предлогот што го имаме е сериозен и финансиската конструкција е веќе затворена, но последниот збор ќе го даде Аргентинската фудбалска федерација, која исто така би управувала со мавзолејот – рече Морла.
фото-екипа.мк