Актерката Силвија Стојановска хоспитализирана – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/20 9:13 PM

Актерката Силвија Стојановска хоспитализирана

Пред два дена актерката Силвија Стојановска била итно хоспитализирана поради компликации со абдоменот. Семејството на Стојановска ја потврди информацијата за „Женски магазин“.

Најблиските на актерката велат дека таа за влакно избегнала операција и во моментов нејзината состојба е подобрена. Таа беше приведена минатата година, поради сомнеж дека била дел од мрежа за шверц со дрога.