Хонг Конг е престолнина на суеверие во Азија: Милиони жители не се одрекуваат од овие антички верувања(видео) – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/20 7:53 PM

Хонг Конг е престолнина на суеверие во Азија: Милиони жители не се одрекуваат од овие антички верувања(видео)

Гатањето познато како „ка-цим“ не е непознато за жителите на Хонг Конг. Воопшто не е невообичаено луѓето да одат во храмови на гатање. Гатањето вклучува употреба на контејнер во форма на цевка, кој содржи стапчиња од бамбус, обележани со броеви од 1 до 100. Овој контејнер се „тресе“ сè додека не падне едно од стапчињата на земја. И бидејќи секој од нив има соодветна приказна и порака,  посетителот  по тоа добива толкување, односно се толкува неговата судбина.

Посетителот не мора да биде верник за да може да пристапи кон гатање. Но, тој треба да верува и да биде со отворен ум.

„ Да бидам искрен, мислам дека многу луѓе од Хонг Конг се суеверни на некој начин. Повеќето луѓе тука ќе сторат сè за да ја зголемат својата лична среќа или да избегнат несреќа,“ изјави Ваи Ли за Би-Би-Си Травел за време на посетата на храмот Вонг Таи Син во Хонг Конг, до кој дојде токму поради гатање.

По тој повод, таа спомена и дека е суеверна, кога станува збор за бројот 4 и сè што има врска со него, односно дека страда од таканаречена тетрафобија. Имено, на кантонскиот јазик, тој број се поврзува со смртта. И, броевите 14 и 24 се сметаат за уште пожални, во смисла дека, да речеме, 14 се толкува како некој  сигурно ќе  умре, а 24 е нешто „поблага“ варијанта и се толкува како лесно може да се случи да умре.

Интересно, овие бројки често не се користат во станбени згради, болници, канцеларии или хотели за обележување на подови или соби.

„Суеверие е! Во мојата зграда нема дури и подови од 40 до 49. Тие завршуваат со 39, а потоа продолжуваат со 50. Значи, нема подови што се знак на лошо“ – рече  мајсторот, Jон Чои кој работеше во Хонг Конг како фенг шуи повеќе од 10 години.