Штипското инфективно одделение ќе се реконструира за неколку месеци – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/20 4:16 PM

Штипското инфективно одделение ќе се реконструира за неколку месеци

Новата модуларната болница, која првите пациенти од истокот ќе ги прими на крајот на јануари ќе овозможи и конечно да се реализираат 200.000 евра, за реконструкција на Инфективното одделение.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели напролет веќе ќе може да почне реконструкцијата на зградата на Инфективно одделение, која во употреба била пуштена пред 40 години.
„ Со средствата од Програмата за меѓугранична соработка со Република Бугарија ќе се реконструираат, фасада, ќе се заменат прозорците и ќе се овозможи пристап за инвалидизирани лица. Фирмата е избрана, знаете дека реконструкцијата требаше да почне во март годинава, но пандемијата не спречи,“ вели Ѓеорѓијев.

Посочи дека кога ќе се реализираат овие градежни зафати, ќе се инсталира и централен довод за кислород во болничките соби. Ова ќе биде првата фаза, а за наредниот период ќе остане да се реализираат втора и трета фаза, за што се потребни дополнителни средства.

МИА