Договорот меѓу Скопје и Атина покажува дека упорните преговори и дипломатијата носат резултат, вели канцеларот на Австрија, Себастијан Курц во интервју за грчкиот весник Катимеринии ја потенцира австриската поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан.
-Топло го поздравуваме договорот меѓу двете страни. Покажува дека упорните преговори и дипломатијата носат резултат. За Австрија, регионот на Западен Балкан е основен приоритет во нашата надворешна и европска политика, но и на нашето претседателство со ЕУ. Ја поддржуваме линијата на комесарот за проширување, Јоханес Хан. Обезбедувањето чесен и веродостоен пат кон ЕУ за земјите од Западен Балкан им служи на нашите интереси на безбедносно, политичко и економско ниво, вели Курц.
Австрискиот канцелар за Катимерини коментира дека треба веднаш да запрат преговорите меѓу ЕУ и Турција, бидејќи Турција во изминатите години се оддалечува од Европа и од европските вредности, пренесува дописничката на МИА од Атина.
Извор:МИА