Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда има позитивна играчи на короновирус, па затоа дуелот од 11-то коло во АБА-лигата против Цедевита Олимпија ќе биде одложен, потврди клубот од Калемегдан.
Потврда за одложувањето на тој натпревар стигна и од АБА-лигата.
„КК Црвена звезда мтс ја известува јавноста дека по редовните тестови на првиот тим и стручниот штаб, кои беа извршени пред натпреварот од 11-тото коло на АБА-лигата со Цедевита Олимпија, беа идентификувани позитивни и заразени со вирусот Ковид 19.
Во согласност со сите здравствени мерки, тимот беше подложен на нови тестови и лабораториски испитувања, а целиот постар тим и стручниот штаб на Црвена звезда беа итно поставени на домашни мерки за изолација.
Според тоа, натпреварот од 11-то коло во АБА-лигата со Цедевита Олимпија, кој требаше да се игра вечерва, е одложен, а новиот термин ќе биде објавен подоцна. Исто така, Евролигата беше информирана за новата ситуација во која се најде нашиот клуб“,се вели во соопштението.
фото-кк црвена ѕвезда