По Холандија и Франција ќе забрани летови од Велика Британија, Израел и од Данска и Јужна Африка – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/20 3:02 PM

По Холандија и Франција ќе забрани летови од Велика Британија, Израел и од Данска и Јужна Африка

Франција размислува да ги забрани сите летови од Велика Британија, откако на островот се појави нов вид на коронавирус, јави телевизијата БФМ.
Официјалната одлука можно е да биде објавена во текот на денот, додаде БФМ, без да наведува извори, додека официјални претставници на француското Министерство за транспорт не беа достапни за коментар. Забрана за летови од Велика Британија во текот на денот веќе воведоа Холандија и Белгија, кои одлучија да го прекинат и железничкиот сообраќај.
Израел пак  усвои забрана за влез во земјата за сите странски државјани кои доаѓаат од Велика Британија, Данска и Јужна Африка во обид да спречи ширење на нов вид на вирус што беше откриен во тие земји.

Како што беше наведено, здравствените власти се особено загрижени за видот на вирусот откриен во Велика Британија, за кој британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека се шири и до 70 проценти побрзо.

Сите Израелци кои се враќаат од споменатите земји ќе мора да бидат изолирани во назначените хотели, пренесуваат израелските медиуми.

Тие ќе бидат тестирани за коронавирус и ќе мораат да престојуваат во хотели 14 дена освен ако немаат два негативни резултати што им овозможуваат од таму да заминат по 10 дена.