Семејството на убиеното 25-годишно момче Клодјан Раша со благороден гест, средствата собрани преку донации за нив ќе ги донира за лекување на 11- годишната Адиса од Скопје, која боледува од сколиоза.
Ќазим Раша,татко на момчето, се заблагодари на пејачот Ноиз и сите други што собрале донации за Клодијан, но рече дека не може да прифати пари за него и оти ќе ги донира во добротворни цели.
– Што да кажам. Нека се излечи секое срце, секоја мајка да се радува, секое дете да се спаси. Ниту едно семејство да не го доживее тоа што го доживеав јас. Моето момче замина во цветот на младоста. Се подготвувавме за неговата свадба ама не погоди бомба од која нема закрепнување.Му благодарам на таткото на Ноиз кој по негово барање побара да му помогне на моето семејство, изјави тој низ плач.
Не можам, додаде, да внесам работи за Клодијан дома, бидејќи она што „требаше да го понесе, го зеде со себе“.
„ Но, сакам да им заблагодарам за се она што го направија. Да се обидеме да излечиме едно срце. Не повредувајте ничие срце.Не предизвикувајте болка никому.Спасете наместо да одземете нечиј живот. Сите овие пари што се даваат за Клодијан, ги давам за малата Адиса од Скопје. Да се излекува и да расте во мир“, рече тој.
Тој се јави во емисијата „Албанците за Албанците“,која има хуманитарен карактер, а последната беше посветена на собирање средства за Адиса од Скопје, за лекување во Турција за што се потребни се 50.000 евра.
И претходно Ќазим Раша пензијата која им ја одреди Владата во износ од околу 500 евра рече дека ќе ја даде во хуманитарни цели.
Клодјан Раша беше убен од страна на полициски специјалец, во близна на неговот дом на осми овој месец по полноќ, по што во земјата беа одржани протести.
миа