Хан утре го отвора скринигот за почеток на разговорите со ЕУ – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/18 8:07 AM

Хан утре го отвора скринигот за почеток на разговорите со ЕУ

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија Јоханес Хан утре ќе престојува во Македонија, со што почнува скринингот процесот на земјата за отпочнување преговори за членство во Унијата.

Според агендата, Хан изутрина ќе има средба со премиерот Зоран Заев, а потоа и со претседателот на Парламентот Талат Џафери и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Еврокомесарот Хан, како што јави МИА, ќе има обраќање пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.

Минатата недела Хан на прес-конференција во Брисел ги најави посетите на Македонија и на Албанија и отпочнувањето на скрининг процесот на овие две земји. Еврокомесарот по завршување на средбите во Скопје, утре попладне ќе замине за Тирана.

Премиерот Зоран Заев во петокот на средбата со претставници на граѓанските организации изјави дека со доаѓањето на Хан во Скопје почнува скрининг процесот.

-Целта е на владина сесија да ги отвориме процесите, а тоа значи дека час поскоро треба да ја подготвиме државата и со преговарачката рамка и со преговарачките тимови за процесот за кој е многу важно колку време ќе потрошиме, рече Заев.

Додаде дека од 33-те поглавја за Македонија, ќе треба да има и 33 работни групи во кои ќе треба да се вклучат претставници и од институците и од граѓанскиот сектор.

Во однос на референдумот уште еднаш изрази уверување дека тој ќе биде успешен и оти неделава ќе се прецизираат прашањата околу тоа кога ќе биде референдумот, дали тој ќе биде обврзувачки или консултативен и како ќе биде формулирано референдумското прашање.Најави дека ќе побара опозицијата и сите политички чинители да ги расчисат своите позиции во делот на референдумот.

 

Извор:МИА