Кошаркарките на словенечкиот стратег со македонски корени, Сашо Филиповски, загубија во Ново Место од екипата на Крка со неверојатни 19 разлика и ги искомплицираа шансите за пласман во плејофот на АБА лигата.
Во рамките на 11-тото коло од Јадранската лига, црно-белите загубија од Крка со 69:50. Партизан од самиот почеток не успеа да изнајде решение за шутерско расположената словенечка екипа. За 20 минути на стартот, Крка погоди неверојатни девет шутеви за три поени. Од друга страна, белграѓаните шутираа дури 22 пати од „зад линијата“ погодија само во три наврати.
Последните 10 минути од мечот Партизан бркаше негатива од 20 поени. Некогашниот европски шампион негативата не ја анулираше, продолжувајќи со безидејната и анемична игра во двете фази од играта.
Најдобар стрелец во домашниот тим беше Камфор со 16 поени, а Стипчевиќ и Врабац го следеа со 13 односно девет поени. Кај поразените, Коди Милер-Мекинтајр забележа 12 поени.
Фото:
druga.aba-liga.com