Половина од вработените во Клиничката болница во Штип ќе добијат по 30.000 денари – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/20 9:48 PM

Половина од вработените во Клиничката болница во Штип ќе добијат по 30.000 денари

Од понеделник почнува исплатата по 30.000 денари  за здравствените работници во Клиничката болница – Штип, кои изминатите месеци работеа со ковид пацинети. Префрлени се средствата на сметката на болницата, потврди директорот Ален Ѓеоргиејев.

Бонус ќе добијат сите вработени на инфективното одделение, како и докторите, медицинските сестри, помошниот персонал од другите одделенија, кои помагаа ротирајќи на дежурства, односно сите кои работеле со ковид пацинети.

Од неодамна се ставени во функција уште шест кревети со интензивна нега за најтешките случаи со ковид на интензинвна нега, додека веќе два месеци кожното одделение е ослободено за овие пацинети.