СДСМ го дематираше Николоски кој во „Стадион“ изјави дека ВМРО ДПМНЕ лобирала кај Чешка и Словачка – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/20 9:37 PM

СДСМ го дематираше Николоски кој во „Стадион“ изјави дека ВМРО ДПМНЕ лобирала кај Чешка и Словачка

Тешка, безобразна лага – вака СДСМ го демантира потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Алаксандар Николоски, кој денеска во емисијата „Стадион“ на Канал 77, рече заслуга на неговата партија е одбивањето на Чешка и Словачка да ги потпишат заклучоците за проширувањето на Советот на ЕУ.
-Не е првпат ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Христијан Мицкоски да се кити со туѓи перја, а не е првпат ниту Николоски да шири лажни вести и дезинформации.Николоски се повикува на Европска народна партија која неодамна имаше Декларација каде беше изнесена поддршка само за Албанија за ЕУ интеграции, а Северна Македонија не беше ниту спомната. Ако навистина Мицкоски, Николовски и ВМРО-ДПМНЕ лобирале како што тврдат зошто немаше јавна поддршка од Европската народна партија за нашата земја каква што имаше од страна на Партијата на европските социјалисти?Покрај тоа што шири лажни вести, покрај тоа што врши деструкции и работи на штета на државата, ВМРО-ДПМНЕ почна и јавно да лаже дека има моќ да влијае врз земји членки на ЕУ, реагираше СДСМ во соопштени.