Во притвор заврши професор, кој нападнал ученичка во Крушево – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/20 9:26 PM

Во притвор заврши професор, кој нападнал ученичка во Крушево

Професор во училиште во Крушево се осомичи дека нападнал 15-годишна ученичка, по што против него е поднесена кривична пријава за ккривичното дело „Обљуба во злоупотреба на положбата од член 189 став 2 од Кривичниот законик. По пријавата од страна на МВР ОВР Прилеп, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против 54 – годишно лице.

-Осомничениот на 17.12.2020 година околу 10,00 часот, со злоупотреба на својата положба како професор во училиште во Крушево извршил полови дејствија врз детето – оштетена, негова ученичка на возраст од 15 години, која му била доверена заради учење. Кривичното дело осомничениот го сторил напаѓајќи го детето во училница, притоа оштетеното дете го оттурнало од себе и излегло од училницата, соопшти Обвинителството.

Јавен обвинител кој постапува во предметот до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Предлогот беше прифатен, па Судот со решение на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.​