Ова го нема во ниту една друга држава – Сведокот е несигурно доказно средство за добивање на државјанство – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/20 8:00 PM

Ова го нема во ниту една друга држава – Сведокот е несигурно доказно средство за добивање на државјанство

Предлог измените на Законот за државјанство предложен од Алијанса на Албанците и Алтернатива, предизвикаа лавнина реакции во јавноста. Социјалните мрежи беа гласни на оваа тема, а еден од коментарите вели вака: „ Предложениот текст има многу фалинки, но капак на се е член 26-а,со кој ќе станеме единствена земја во светот која ќе може да добие државјанство буквално секој кој ќе посака од бившите ЈУ Републики.Овој член нема никакви условувања: ниту документи од 1991 се потребни, ниту моментално живеалиште,ниту откажување од постоечкото државјанство, ниту познавање јазик, буквално ништо не е потребно. Само еден локален ‘сведок’ е доволен (или три не локални) кој на ‘лепе’ очи ќе каже дека лицето до 1991 живеело тука. Не 70,000 – 2 милиони косовари да побараат државјанство, ќе добијат. Доколку добро се организираат,ништо нема да може да ги спречи другарчињата на Села и Ахмети од Косово да си земат двојни државјанства и на секои 4 години да тркнат до Скопје од Приштина, саат време пат, и да ни го бираат парламентот. Во таа смисла, пописот е најмал проблем – во прашање е државата“, е еден од многуте коментари кои ги пишуваат граѓаните.

Спорниот член за кој се пишува од предлог законот е членот 26-а, и вели вака:

Со денот на влегување во сила на овој закон лицата државјани на другите републики во поранешната СФРЈ и државјани на поранешна СФРЈ кои до 8 септември 1991 година живееле на територијата на Република Македонија можат да поднесат барање за да се стекнат со државјанство по сила на овој закон, со дадена изјава од тројца  сведоци кои ќе  сведочат дека поднесителот  за добивање на државјанство  живеел на територијата  на Република  Македонија  до 8 септември 1991 година или со дадена изјава од сведок кој во тој период бил жител или сеуште е жител во местото во кое живеело лицето”.

Денеска на светот кога му се заканува растечки тероризам, организиран криминал и секаква патологија на светско ниво, државите во светот стануваат се поригидни во однос на обезбедување законски услови за давање на државјанство, вели универзитетскиот професор Темелко Ристевски. Вели такви треба да бидеме и ние и повнимателни кога се работи за давање на државјанство.

„Постапката треба да биде јасно, прецизно дефинирана и да овозможува добра прецизна проверка на лицата на кои што ќе им се даде државјанство за да потоа немаме евентуално проблеми со тие лица кои што ќе добијат државјанство и ќе бидат државјанство на Република Макеоднија ќе ги оставаруваат законите од нашата земја“, вели професорот Ристевски.

За спорниот член 26-а, кој вели дека сведокот е несигурно доказно средставо, и вели во пракса не е дозволено едно лице да е само сведок и со неговиот исказ да се докаже она што се бара за оставрување на одредено првао, во овој случај право на државјанство.

„По мене спорно е и прашањето за јазикот. Според предлогот на зкаонот, лицето треба да познава еден од службените јазици, во Република Македонија во единиците на локалната самоуправа каде што живеат повеќе од 20% од еден народ, од една етничка група, за службен јазик треба да се прецизира, мора прецизно да се наведе кој службен јазик. Македонскиот и албанскиот може да дојде во обзир, кои се во поширока употреба на територијата на РМ.

Неприфатливо е со еден сведок, или тројца сведоци, вели тој да се стекнува државјанство, треба да се заострат условите. Сведокот е несигурно доказно средство во управната постапка, мора да се бараат и други решенија, и други доказни средства. Ристевски смета дека мора да се работи повнимателено и не треба да се брза со донесување на законот. Тој смета дека треба да се оствари поширок консензус и да се дебатира и проблемот треба детално да се изучи, односно МВР детално да го изучи проблемот. Ристовски вели дека доколку се изгласа законот пред закажаниот попис во април, ќе има влијани и врз него, но колкав ќе биде интензитетот на тоа влијание зависи од бројот на тие лица што ќе стекнат со државјанство.

Оваа проблематика треба да се решава не само од политички, туку и од хуманистички аспект, смета унивезитетскиот професор Ѓорѓи Тоновски и вели дека не е чисто политичко прашање, туку е прашање со длабока хуманистичка содржина.

„Во ова прашање не може хуманото да е во функција на политиката, туку политиката мора да биде во функција на хуманото. Односно со политички средства и дискус, да се најде решение како граѓаните кои што се без државјанство и на тој начин се крајно дискриминирани, кои што формално правно не постојат, ги нема. Како тие граѓани да ги претвориме во субјекти, легални субјекти на македонската држава и општетсво и воедно како на тие граѓани со нашата активност и мерки што ќе ги преземаме, ќе ги претвориме во достоинствени, горди припадници на ова современо македонско општетсво. Проблемот е подлабок, од тоа што значи практична политика, но и бара практична политика која што ќе биде во функција на хуманото, очовечувањето на обезличените луѓе кои што живеат на оваа територија, а не се признаени како човечки суштетсва во македонското општетство“, вели Тоновски.

Не смее да биде активност преку која ќе се остваруваат некакви замислени великодржавни аспирации, вели Тоновски. Постојат бројни размисли како да се најде решение,  прво вели Тоновски тоа треба да биде во функција на легализирање на статусот во функција на заокружување на нивните семејни или лични приказни, од проценката зошто и како дошло до тоа тие да останат обезличени, кои се причините, дали се објективни или не, дали во обидот да се добие државјанството се кријат некакви други намери кои не се над линијата на надминување на едно незадоволство, недозволена ситуација која ни се појавува со тие граѓани, или пак тука има практично политички размислувања, аспирации, мотиви, посакувања и итн, вели професорот. Решението смета тој дека треба да се бара во конвенциите на меѓународната позитивна практика.

Пратеникот од Демократски сојуз, Павле Трајанов е на став ваква практика на стекнување државјанство нема во ниту една друга држава. Смета дека предлог законот има друга интенција, односно да сврти внимание и да се направи политички маркетинг, кој може да го наруши демографскиот и етничкиот баланс на државата.

„Сите држави имаат ригиден став и усогласени критериуми околу тоа како се стекнува државјанство, нашиот закон е граден врз основа на европските конвенции и светските стандарди  за стекнување на државјанство и мислма дека нема апсолутно никаква потреба. Наводно има одреден број на граѓани кои што  91, 93,94 да се стекнат со државјанство, но тој број е многу мал од 300 до 800 луѓе се движи и за нив треба да се најде решение, да им се разреши статусот. Но апсолутно е не прифатливо да менувате закон да доделите државјанство на 70 000 граѓани кои наводно биле без државјанство. И тоа да се додели врз основа на изјава од тројца сведоци дека некој на 8 ми септември 1991 година рестојувал во Македонија, уште полошо и што еден сведок ако живее, новиот барател кај што живее, со една изјава, сведочење да си добие статус државјанство. Мислам дека таква пракса, стенување на такво државјанство нема ниту во една држава во светот“, вели Павале Трајанов.

Освен члено 26-а од предлог Законот за државјанство, Трајанов смета дека има и други спорни одредби. За него не прифатливо е апликантот кој ќе аплицира за државјанство да не мора да го знае македонскиот јазик.

Доколку се изгласа Законот за државјанство, Трајанов вели дека со тоа ќе се предизвика вештачки зголемен број на државјани на една етничка зедница.

Што вели искуството во другите земји?

Оние кои можат да добијат италијанско државјанство се класифицираат во три групи: лица родени во Италија кои го изгубиле државјанството и сакаат да го добијат повторно, потомци на италијански државјани и странци кои аплицираат за италијанско државјанство. За да се стекнете со италијанско државјанство постојат повеќе начини. За странските потомци на Италијанците до второ колено или родени во Италија, овие лица треба да ги исполнуваат следниве услови: да отслужиле воен рок во Италија, да биле вработени од страна на италијанската влада, дури и во странство и да престојувале најмалку 2 години пред да наполнат 18 години. Странци, дури и оние кои не се со италијанско потекло, а се родени на италијанска почва, можат да поднесат барање за државјанство по долготраен легален престој во Италија. Барањето може да биде поднесено во рок од една година по наполнувањето 18 години, а мора да биде придружено со извод од матична книга на родените и потврда за легален престој во Италија.

Условите за добивање германско државјанство се регулирани со членот 10, став 1 од Законот за државјанство. Првиот услов е легално да сте живееле во Германија најмалку осум години и да поседувате соодветна дозвола за престој. Понатаму, треба да ја потврдите својата верност кон германскиот устав и доволно добро да го познавате германскиот јазик. Под „доволно познавање“ се подразбира да можете да го користите во секојдневниот живот, како и да бидете во можност да читате, зборувате и разбирате германски. Познавањето на германскиот јазик е основен предуслов за интеграција во германското општество. Од 2008 година, Германија воведе испит кој кандидатите мораат да го положат за да добијат државјанство. На овој испит, ќе добиете прашања за германската историја, политика, општество и слично.

Г.Д.