„Единствената причина поради која Зоран Зав не потпиша нов договор или анекс на договорот со Бугарија, кој ќе беше на линија на неговото интервју за БГНЕС, беше народниот отпор, но треба да бидеме будни и со отворени очи, затоа што работата не е завршена и не сме сигурни дали Заев нема да потпише нешто такво за една недела, еден месец или по изборите во Бугарија“, рече во денешното гостување во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.
Тој рече и оти во иднина ВМРО-ДПМНЕ ќе поништело се’ што Заев потпишал, а е штетно за македонскиот народ и држава, а додаде и оти, не само членови, Заев и соработниците имале намера да го сменат целиот македонски тим од зедничката македонско-бугарска комисија за историски прашања.
„Моите информации се дека сакаат да ги сменат сите, затоа што не можат да најдат јадро подготвено да отиде на линија на попуштање и по желба на Заев“, рече Николоски.