Ивица Коневски во „Стадион“: По толку многу изборни порази, Мицкоски мора да даде отчет на конгрес(видео) – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/20 1:02 PM

Ивица Коневски во „Стадион“: По толку многу изборни порази, Мицкоски мора да даде отчет на конгрес(видео)

„По толку многу изборни порази, мислам дека е чесно претседателот и раководството на ВМРО-ДПМНЕ да излезат со отчет на конгрес и да дадат образложение за изборните резултати во тие изгубени изборни циклуси“, рече Ивица Коневски, еден од иницијаторите за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, во денешниот „Стадион“ на „Канал 77“.

Нагласи дека таква била практиката во сите демократски партии.

„Единствен кој го одржува Заев на чело на Владата и на државата е Хистијан Мицкоски. Едноставно, луѓето немаат доверба во него. Тој не може да ја предводи опозицијата. Нема кредибилитет ни кај партиските членови ни кај партиски неопределените граѓани, а има многу понизок рејтинг од Заев“, истакна Коневски.

Реплицраше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој нагласи дека сите што и’ мислат добро на ВМРО-ДПМНЕ за состојбата во државата треба да ги критикуваат  Заев и СДСМ, а за состојбите во ВМРО-ДПМНЕ трбало да се разговара внатре во партијата.

„Вака, не критикувајќи го Зоран Заев, а критикувајќи го ВМРО-ДПМНЕ, се стекнува впечаток дека се на другата страна. Односно, дека постои една јасна коалиција помеѓу поранешни структири од ВМРО-ДПМНЕ и Зоран Заев, обединети од определени заеднички интереси што не се на линија на интересите на државата“, рече Николоски.