Си дојде дома моето трилеќе- Пере од „Нокаут„ ја покажа третата ќерка Софиа – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/20 10:14 AM

Си дојде дома моето трилеќе- Пере од „Нокаут„ ја покажа третата ќерка Софиа

Пејачот Никола Перевски- Пере, познат како Пере од „Нокаут“ ја покажа својата трета ќерка Софиа, која ја доби од бракот со втората сопруга Јована.  Пере е познат по тоа што ретко зборува за приватниот живот, но овој пат не можеше да ги совлада емоциите и среќата за својата трета принцеза.

-Си дојде дома мојата трета среќа, моето трилеќе што мириса на млеко Софиа, напиша Пере и на Фејсбук и додаде:

„За многу години Св. Никола“.

Пред речиси еден месец Пере сподели среќата за љубовта со Јована и за тоа дека очекуваат принова.

-Среќен сум што ќе добијам уште една ќерка. Со Јована бевме заедно пет години. Па по четири години пауза минатата година повторно ја почнавме нашата љубовна приказна. Не би сакал да зборувам многу за приватноста, но сакам да се знае дека за кратко време  ќе изненадам и на приватен и на професионален план. Се крчкаат многу убави моменти“ рече Пере неодамна за ММС.

Софиа е трета среќа за Пере. Тој од претходниот брак ги има ќерките Михаела (Миа) која има 21 година и Каја 13 години.