Мукоко е најмладиот стрелец во историјата на Бундесот, Унион Берлин посилен од Дортмунд – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/20 11:13 PM

Мукоко е најмладиот стрелец во историјата на Бундесот, Унион Берлин посилен од Дортмунд

Уште еден натпревар на Борусија Дортмунд без главната ѕвезда Ерлинг Халанд и уште еден пораз на „милионерите“. Овојпат против овосезонското изненадување во Бундес Лигата, Унион Берлин.

Дали низата лоши резултати на Борусија Дортмунд навистина се детерминирани од отсуството на Норвежанецот, или тренерските смени придонесоа за ваквата состојба, нејасно е, но јасно е дека овој пораз го „фрли“ Дортмунд на четвртата позиција на табелата и заостанување од врвот најмалку шест поени.

Единствената светла точка на вечерашниот натпревар беше младиот напаѓач на Дортмунд, Јусуфа Мукоко. Тој со само 16 години стана најмладиот стрелец во историјата на Бундесот. Неговиот гол во 60-тата минута го изедначи резултатот на 1:1. Гостите не успеаа да оддолеат на нападите на Унион Берлин и во 70-тата минута Марвид Фридрих го врати водството и го оконча дуелот.

По 13 кола, Унион Берлин се наоѓа на петтата позиција во германското фудбалско првенство и на место кое води во Европа Лига следната сезона.

 

 

Фото:

transfermarkt.com