(ФОТО) По повод 120 години од постоењето, Палермо презентираше феноменални ретро дресови – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/20 8:43 PM

(ФОТО) По повод 120 години од постоењето, Палермо презентираше феноменални ретро дресови

Поради финансиски причини, тимот кој во последните години беше „лифт екипа“, од место за промоција во Сериа А испадна уште едно ниво подолу во Сериа Ц. Иднината на првиот сицилиски клуп и веројатно најдоброто од фудбалот што Сицилија го има, беше и сè уште е неизвесна, но тоа не ги спречи Палермо по повод 120 години од постоењето да ги презентира своите феноменални ретро дресови.

Палермо е формиран во 1900-тата година на први ноември и воедно претставува првиот клуб на италијанскиот остров Сицилија. Сино-белата боја првично стоела на опремата на фудбалскиот клуб Палермо, а како што одминувале годините, така и клупските бои од сино-бели се претвориле во оние по кои денес Палермо е препознатлив, розево-бели.

Дизајнот на дресот е креиран од познатиот бренд за спортска опрема „Капа“.

 

 

Фото:

Twitter / @IFTVofficial