Поради појава на магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово – Шипковица, од 100 до 150 метри на патот Ресен – Битола и до 150 метри на планинскиот превој Ѓавато.
Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека од попладнето нормализиран е сообраќајот на патот Прилеп-Градско кај Плетвар, на магистралниот пат Дебар-Маврово кај месноста Бошков мост, како и на општинскиот пат Велес-Башино Село во близина на бензинска пумпа „Симит Петрол”.