(ФОТО) Синот на Вејн Руни потпиша со Манчестер Јунајтед – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/20 6:51 PM

(ФОТО) Синот на Вејн Руни потпиша со Манчестер Јунајтед

Синот на легендата на Манчестер Јунајтед, Каи Руни, потпиша со Манчестер Јунајтед.

Единаесетгодишното момче ќе ги следи чекорите на својот татко кој настапуваше за клубот од „Олд Трафорд“ од 2004 до 2017 година и постигна 253 погодоци во 559 настапи.

-Горд ден. Каи потпишува со Манчестер Јунајтед, Продолжи со работа, сине, напиша Вејн на својот „Инстаграм“ профил.

Каи ќе го носи бројот 10 исто како и силната десетка на Манчестер Јунајтед во времето на Сир Алекс Фергусон, Вејн Руни.