Во Тетово канцеларија и бесплатна правна помош за манипулации врз граѓаните од енергетски компании – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/20 5:43 PM

Во Тетово канцеларија и бесплатна правна помош за манипулации врз граѓаните од енергетски компании

Здружението против поскапувањето на струјата „Доста е“ во Тетово отвори канцеларија каде граѓаните ќе можат да добијат бесплатна правна помош поврзана со манипулации на енергетските компании врз потрошувачите

Тие денеска обвинија дека енергетските компании освен што ја зголемија цената  на струјата, манипулираат и со сметките на граѓаните

Од Здружението „Доста е“ очекуваат со бесплатната правна помош да се намалат манипулациите на енергетските компании врз потрошувачите. Велат дека и понатаму ќе продолжат со разни активности и протести, се’ додека не се врати старата цена на струјата, а иреално да се наплаќа.

(З.Д.)