Потона карго-брод во водите на Виетнам, 15 морнари се водат за исчезнати – ММС
ММС

Објавено на: 12/18/20 3:38 PM

Потона карго-брод во водите на Виетнам, 15 морнари се водат за исчезнати

Во водите на Виетнам потона транспортен брод. Во оваа бродска несреќа 15 лица се водат за исчезнати, пренесува агенцијата Анадолија (АА).

Според вестите објавени во виетнамските медиуми, карго-бродот под панамско знаме, кој од Малезија кон Хонгконг пренесувал товар од 7.800 тони, потонал приближувајќи се кон брегот на виетнамската покраина Бињ Туан.

Во веста се наведува дека во ова бродска несреќа исчезнати се 15 члена на екипажот, од кои 11 Кинези и 4 Виетнамци, и се додава дека во тек се спасувачки операции за пронаоѓање на исчезнатите.

Виетнамските власти соопштија дека е можно причина за потонувањето на бродот да се лошите временски услови, истакнувајќи дека кусо пред несреќата, екипажот на бродот стапил во контакт со единиците на виетнамската крајбрежна стража барајќи помош.