Колинда им ја „украде“ прославата на Французите (фото) – ММС
ММС

Објавено на: 07/16/18 6:54 AM

Колинда им ја „украде“ прославата на Французите (фото)

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ предизвика навистина огромно внимание во текот на финалето од Светското првенство.

За време на натпреварот потскокнуваше во ВИП ложата, а по финалето ги прегрна апсолутно сите, па дури и судиите и репрезентативците на Франција.

Исто така, таа успеа да влета во кадарот и во ист момент да ги подигне рацете кога француските фудбалери го подигнаа трофејот наменет за светските шампиони.

Очигледно претседателката на Хрватска има талент да се најде на погрешно место во погрешно време и не е ни чудо што предизвикува лавина реакции на социјалните мрежи.

Ваквата случајност навистина ретко се гледа…

Превземено од: СпортКлуб