Директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски потврди дека три угостителски објекти во Скопје работеле по 23 часот, односно два часа по пропишаното работно време, додека во јога студио имало групирање. Ова е констатирано по синоќешната посета на инспекторите.
-Трите усгостиелски објекти работеа по 23 часот, 23.30 часот, 24 часот, а кај еден, објектот во Чаир, има и кинење на пломбата пред истекување на рокот за забрана за работење. За тргање на пломбата следи и кривична пријава, изјави Пауновски на денешната прес конференција.
Тој смета дека и сега казните се ригорозни до 30.000 евра, во рок од три дена казните во вид на платен налог ги доставува Инспекторатот и треба да проработи свеста дека треба да се почитуваат протоколите.
-Испекторите не завршуваат со инспекциите по 18 часот. Ги следиме реакциите на граѓаните. Секаде имаме дежурни екипи и ќе реагираме секаде каде има прекршување на работното време или препораките да нема групирање. Инспекторите ќе работат на 31 декември и 1 јануари, изјави Пауновски.