Македонскиот центар за меѓународна соработка и Цивика мобилитас денеска организираат тематскиот форум на кој претставниците на граѓанските организации ќе дискутираат со министерот за здравство Венко Филипче, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и Зоран Дранговски од Македонското здружение на млади правници кој е еден од претставниците на здруженијата и фондациите во Главниот штаб за управување со кризи.
-Цивика мобилитас иницираше и одржа средба со претставници на граѓанските организации на 30 ноември од која произлегоа заклучоци за потребите на целните групи и препораки за идните активности со кои може да им се излезе во пресрет на граѓаните и на институциите. Целта на овој тематски форум е да се дискутира и договори во кои области и како граѓанските организации можат да им помогнат на институциите во справувањето со пандемијата – велат од оваа граѓанска организација.
Програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.