Свршеница од пеколот: Сакам мојот иден сопруг да се ослободи од неговата ќерка, ми оди на нерви и нема да ја гледам како своја – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/20 11:24 PM

Свршеница од пеколот: Сакам мојот иден сопруг да се ослободи од неговата ќерка, ми оди на нерви и нема да ја гледам како своја

Објавата на една анонимна жена од Америка на инстаграм страницата „Разговори со мене“ предизвика низа коментари од запрепастените корисници, а објавата стана вирална.

Имено, таа открила дека е во седмиот месец од бременоста и дека ќе се омажи за вдовец кој има ќерка. Жената навела дека сака да се ослободи од неговата ќерка, па побарала совет од корисниците на оваа социјална мрежа.

„Сакам мојот свршеник да се ослободи од својата четиригодишна ќер,а бидејќи знам дека нема да ја гледам како свое дете, а и постојано ми оди на нерви бидејќи ме потсеќа на мајка и’, односно на неговата почината сопруга“, споделила жената.

Според неа, малото девојче е доста приврзано со татка си, па таа сега стравува дека тој ќе се оддалечи од нивното заедничко дете.

„Нагласувам дека не сум лоша личност, само сакам да мислам на своето дете и убедена сум дека така ќе го добие потребното внимание од својот татко, без постара сестра која би била пречка. Ве молам помогнете“, напишала жената предизвикувајќи негативни коментари:

„Ова е одвратно и ако те мачи, воопшто не требало да бидеш со тој човек; Не можеш некоу да му речеш да се ослободи од детето затоа што ти си љубоморна вештерка; Toa девојче заслужува многу повеќе од тебе, се надевам само дека тој ќе дознае за ова пред венчавката“.

 

Фото: Илустрација, Freepik

Извор:  stil.kurir.rs