Популацијата на мигранти во последните 50 години е тројно зголемена на светско ниво – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/20 8:31 PM

Популацијата на мигранти во последните 50 години е тројно зголемена на светско ниво

Бројот на луѓе кои мигрираат од својата родна земја во друга земја е зголемен тројно во последните 50 години. Миграциите главно се последица на потрага по подобра работа, подобри животни услови за семејството и надградување на образованието, но миграциите честопати се последица и на конфликти, прогон и природни катастрофи.

Обединетите нации (ОН) го прогласија 18 декември за Меѓународен ден на мигрантите и овој ден секоја година се одбележува со различни активности.

Анализирајќи ги податоците на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) која е дел од ОН, новинарот на АА дојде до податокот дека заклучно со 2019 година, во светот имало 272 милиони мигранти.

Според тоа, бројот на мигранти, кој изнесуваше 84 милиони во 1970 година и 153 милиони во 1990 година, во последните 50 години е зголемен повеќе од тројно.

Миграциите во рамките на земјите е многу поголем од миграциите во странство.

Според половата припадност, 52% од светската мигрантска популација се мажи, а 48% се жени.

– Повеќе од половина од мигрантите се во Европа и Азија

Огромно мнозинство на човечката популација аплицира за меѓународна миграција поради потрага по подобра работа, подобри животни услови за семејството и надградување на образованието. Покрај тоа, некои луѓе се принудени да ги напуштат своите домови и земји под одредени тешки, понекогаш и трагични услови, како што се конфликти, прогон и природни катастрофи.

Од мигрантите кои претставуваат 3,5% од светската популација, 166 милиони живеат во Европа (82 милиони) и Азија (84 милиони). Овие два региона се домаќини на 61 процент од мигрантите во светот. По овие региони следуваат Северна Америка со 22% мигранти на глобално ниво, Африка со 10%, Латинска Америка и Карибите со 4% и Океанија со 3%.

Индија е на првото место меѓу земјите со најголема миграција со 17,5 милиони. Следуваат Мексико со 11,8 милиони, Кина со 10,7 милиони и Русија со 10,5 милиони.

Сирија, која се наоѓа во граѓанска војна од 2011 година, е петта земја во светот со најголема миграција од 8,4 милиони.

– Бројот на работници мигранти опаѓа во земјите со високи примања

Во светот 74% од мигрантите се на работоспособна возраст.

Според последните податоци, бројот на мигранти работници е намален во земјите со високи примања, а се зголемува на други места.

Во периодот 2013 – 2017 година, земјите со високи примања доживеаја мало опаѓање на работниците мигранти (од 112,3 милиони на 111,2 милиони), додека најголем пораст е забележан во земјите со висок среден приход (од 17,5 милиони на 30,5 милиони).

– Индија, „земјата со најголем приход“

Околу 272 милиони луѓе кои избраа да мигрираат во друга земја поради различни причини, како што се поголеми приходи, подобро образование и поради безбедносни проблеми, испратија околу 689 милијарди долари во нивните матични земји во 2019 година.

Овие мигранти, најмногу пари во нивните матични земји префрлиле од САД (68 милијарди долари), Обединетите Арапски Емирати (44,4 милијарди долари) и од Саудиска Арабија (36,1 милијарди долари).

Според приходите што мигрантите кои живеат во странство ги префрлиле во матичните земји во 2018 година, Индија се наоѓа на првото место (78,6 милијарди долари). Следуваат Кина (67,4 милијарди долари), Мексико (35,7 милијарди долари) и Филипини (34 милијарди долари).

– Моделите на миграција се разликуваат од регион до регион

Од различни причини, формите на миграција во светот се разликуваат и од регион до регион. Поголемиот дел од мигрантите родени во Африка, Азија и Европа живеат во нивните родни региони, додека поголемиот дел од мигрантите по потекло од Латинска Америка, Карибите и Северна Америка престојуваат надвор од нивните родени региони.

Во подрачјето на Океанија, бројот на мигранти во регионот и оние кои престојуваат надвор од регионот е речиси ист и во 2019 година.

– Глобален договор за миграција

На меѓународната конференција која се одржа во градот Маракеш во Мароко од 10 до 11 декември 2018 година со учество на 164 земји, по прифаќањето од мнозинството земји, потпишан е Глобален договор за миграции на ОН.

Договорот, кој е подготвен за регулирање на меѓународната миграција, има за цел да создаде платформа за партнерство меѓу земјите од целиот свет во однос на прашањата како што се легалната миграција, миграциските права и борбата против трговијата со луѓе.

Договорот опфаќа прашања како што се помагање на земјите во справувањето со миграцијата и интеграција на мигрантите во општеството, особено околу човековите права и националниот суверенитет.

Земајќи ги предвид суверените права на земјите, со овој договор кој вклучува вкупно 23 цели, благодарение на меѓудржавната соработка, се планира миграцијата да биде легална, безбедна и непречена.

Покрај САД, Австралија, Чиле и Бразил, уште 8 земји членки на Европската Унија (ЕУ) не го потпишаа Договорот со образложение дека „го нарушува суверенитетот“.

Агенција „Анадолија“ (АА)