Европската агенција за лекови планираше да се состане на 12. јануари за да ја разгледа пријавата на компанијата Модерна за вакцина против коронавирусот, но сепак тоа ќе се случи порано.
Европскиот регулатор за лекови денеска закажа вонреден состанок за 6. јануари кога ќе треба да се направи проценка на барањето за одобрение за пласирање на вакцината на пазарот.
Денес Модерна пред рокот го предаде последниот пакет податоци, потребни за проценка на пријавата. Пакетот содржи специфични информации за производството на вакцина за европскиот пазар – наведува EMA, пренесува Ројтерс.
Инаку, експертскиот одбор на ова регулаторно тело на 21 декември ќе одржи состанок и за проценка на вакцината направена од американската компанија Фајзер и нејзиниот германски партнер Бионтек. Претходно беше соопштено дека состанокот може да се одржи најдоцна на 29 декември.
Извор: telegraf.rs