Гест што ја разнежни Србија: „Видов Ви пишуваат казна, па платив, направете и Вие некое добро дело“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/20 7:14 PM

Гест што ја разнежни Србија: „Видов Ви пишуваат казна, па платив, направете и Вие некое добро дело“

На социјалните мрежи се шири фотографија што ја одушеви цела Србија, пишуваат српски медиуми.

Во времиња кога не’ проголта брзиот начин на живот, кога многу малку време имаме за себе, а камо ли за другите, овој пример ја враќа вербата во човечкото во нас, пишува Србија данас“.

Имено, случаен минувач на паркинг му оставил ливче на хаубата на автомобилот на непознат возач, на кое напишал:

„Сакаа да ви напишат казна. Уплатив за вас во 8.29 часот 30 динари. Направите и Вие некое добро дело“, пишува на пораката.