Градот Берхтесгаден на Баварските Алпи одлучил по пат на лотарија да ги доделува многу бараните гробни места на локалните гробишта.
Властите на Берхтесгаден, поради недостаток на простор, со години морале да ги одбиваат барањата на луѓето кои сакаат нивната крајна дестинација да биде на гробиштата од 17-от век. Откако се ослободиле 200 гробни места, градот одлучил да организира лотарија за да се осигура дека сите имаат исти шанси да заземат место на гробиштата.
Се пријавиле околу 280 лица.