Германската амбасада, во рамките активностите за поддршка, денес на службата за брза помош на Здравствениот дом во Гостивар и’ донираше специјално возило.
Донацијата се реализира со посредство на невладината организација „Европскиот центар за развој, толеранција и соработка“.
Примопредавањето на современото возило го извршија координаторот на Европскиот центар за развој, толеранција и соработка, Ваљбон Лимани, и Јамин Синани, директор на Здравствениот дом,.
Лимани, искажувајќи благодарност до германската амбасада за донацијата, напомена дека дека ваквата помош е важна за да се зголеми ефикасноста на работата и брзината во обезбедувањето здравствени услуги за сограѓаните.
Првиот човек на Здравствениот дом, Синани, рече дека новото возило значително ќе го подобри работењето, особено сега кога на располагање ќе има четири специјални возила, од кое едното ќе се користи само за транспорт и помош на пациенти со Ковид 19.
Новото возило, од марката „фолксваген крафтер“, ја има сета придружна опрема за намената, а вредноста му е 38.330 евра. (З.Г.М.)