Започна првата фаза на реконструкција и конзервација на старата равенска џамија која потекнува од почетокот на 19 век. проектот го спроведува Националната установа Конзерваторски центар Гостивар.
Според најавите во оваа фаза ќе се работи на зајакнување на темелите и ѕидовите на објектот кои се неопходни за натамошните зафати, предвидени со подологорочен проект.
Кустосот Аријан Руфати посочува дека Центарот планира да спроведе и
санацијата на sидовите на џамијата, конзервација и рехабилитација на покривот, внатрешно реновирање, а како последната фаза ќе биде реновирање на дворот.
„ По завршувањето на работите, оваа џамија ќе биде функционална и верските обреди ќе можат да ги вршат жителите на селото Равен, но истовремено ќе биде дел од културното наследство за Гостивар“, вели Руфати.
За равенската џамија нема многу пишани податоци. Според некои записи, таа е изградена околу 1830 година и има едноставна форма, со дрвено минаре и сламен покрив. Таа во 1913 година била зафатена од пожар и обновена. Сегашниот изглед го добива повеќе интервенции направени во различни временски периоди.
Иако џамијата претрпела измени измени, сочуван е нејзината оригинална форма, а поголемиот дел од конструкцијата е зачуван. Џамијата во Равен се користеше за верски обреди до 2003 година, кога во употреба беше предадена новата џамија. Од 2015 година џамијата е ставена под заштита како културното наследство.
з. г. м.