(ВИДЕО) Мората сакаше да биде атрактивен, па се посрамоти пред голот на Аталанта – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/20 1:07 PM

(ВИДЕО) Мората сакаше да биде атрактивен, па се посрамоти пред голот на Аталанта

Шпанскиот напаѓач ионака низ годиниве важеше за играч кој многу често знае да го промаши она што не се промашува, а вчера во против Аталата уште еднаш ја потврди таквата репутација.

На резултат 0:0 Мората го проигра Роналдо, а топката од одличниот Голини некако заврши во нозете на поранешниот фудбалер на Челзи и Атлетико Мадрид. Мората сакаше да биде атрактивен и да постигне погодок со „пета“. Како што и доликува според „фудбалската карма“, Мората го промаши целиот гол и Јувентус остана без посакуваното водство.

Да биде лошата вечер дополнително потешка, Јувентус на крајот на домашен терен извлече само 1:1, a промашувањето на Мората и подоцна промашувањето на Роналдо од белата точка, се покажаа како клучни во испуштањето на нови два бода.

Јувентус во моментот се наоѓа на третата позиција на табелата со 24 освоен поени.

 

 

 

 

Фото:

juvefc.com