Пратеникот Дарко Каевски стана татко на Миа – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/20 12:22 PM

Пратеникот Дарко Каевски стана татко на Миа

Пратеникот и поранешен директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевска стана татко. Тој и неговата сопруга Мимоза вчера попладне добија ќерка. Среќниот татко радосната вест ја сподели и на својот Фејсбик профил, додека на Инстаграм сподели фотографија со ќеркичката во раце.

-Ми се роди Миа, станав татко, напиша тој и доби над 800 коментари со честитки.

Ми се роди Миа, станав татко!!!! 🥳🥳🥳🥳🥳🥳

Posted by Дарко Каевски on Wednesday, December 16, 2020

 

ММС се обиде да стапи во контакт со среќниот татко, но тој не одговараше на неговите телефони.

Нивни блиски, пак, велат дека Дарко и Мимоза се пресреќни што станаа родители.

-Мимоза и Дарко се пресреќни. Уште кога дознаа дека ќе им се роди девојче сакаа да се вика Миа. Тоа беше нивна заедничка желба. Бебето се роди вчера попладне и заради протоколите немаше славење. Тој остана до доцна во болница, сакаше да си ја види ќерката, што побргу да си ја земе во раце, а славењето го оставија за подобри времиња, велат блиски на тазе родителите.

Дарко и Мимоза кон крајот на септември ја озаконија нивната врска, со мала свадба, поради мерките за заштита од ковид-19.