Вкупно 46 кревети ќе бидат поставени во монтажната болница, која се очекува да биде во функција за еден месец. Штипската модуларна болница е меѓу приоритетните, бидејќи се планира целосна преселба на ковид пацинетите, за да може да почне реконструкцијата на инфективното одделение.
Новата монтажна болница ќе има и дијагностички лаборатории, монтажни дигитални ретнгенген и ехо апарати, како и посебен оддел за персоналот, како и централен довод на кислород. Министерот за здравство,Венко Филипче, рече дека парите се обезбедени преку заем од Светска банка.
-Заемот е 100 милиони долари, од кои директно за здравството се наменети 34 милиони. Со овие средства се градат и опремуваат модуларните болници, се наваени тестовите за ковид, за лекови и за наградата за здравствените работници, кои работат со пацинети со ковид. 7600 доктори, медицински сестри и техничари, болничари и друг помошен персонал ќе добијат по 30.000 денари, изјави Филипче.
Во Штип се поставува една од прироритетните модуларни болници, а меѓу градовите со приоритет се Куманово, Струга, Кичево и Струмица. Одговорајќи на новинарско прашање за тоа до каде се истрагите за починатите пацинети од ковид, чии семесјтва побараа одговорност, министерот рече дека Лекарската комора завршила два надзори од кои еден е за пацинетката од Берово, која почина на инфективното одделение во Штип. Од Лекарската комора очекува извештаи за уште пет надзори што се во тек.