Македонец во Линц треба да плати 2500 евра казна, затоа што излегол да го шета кучето и го прекршил карантинот – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/20 11:13 AM

Македонец во Линц треба да плати 2500 евра казна, затоа што излегол да го шета кучето и го прекршил карантинот

Судот во Линц осуди угостител со македонско потекло на парична казна од 2.400 евра за кршење на карантин. Иако на човекот  му преостанале уште  два дена до истекот на карантинот, тој излегол да го прошета кучето. Отишол во блиската шума за да му овозможи на своето куче Ротвајлер да се истрча, но сега тоа ќе мора скапо да го плати.

Нашинецот со сопругата бил на  одмот во  Македонија во ноември, а кога се вратиле, неговата сопруга била позитивна на короновирусот.Тој, како прв контакт на сопругата, морал да биде ставен во карантин.Потоа, на 22 ноември, било утврдено дека и тој бил позитивен, откако доби благи симптоми на болеста.

Осум дена подоцна, два дена пред крајот на карантинот, тој го прекршил законот.

Полицијата дошла до зградата во која живее  и му се јавиле на неговиот мобилен телефон, барајќи да се појави на прозорецот и да мавта. Македонскиот гостител токму во тој моментго шетал кучето, ги информирал полицајците за тоа , а тие му напишала извештај , т.е казна.

Судијата одлучил дека шетањето на кучето не е причина да се стави крај на карантинот.

„Таму се шетаат и други луѓе, тоа не е посебна шума – бил коментарот.

republika.rs

фото-стандард.мк