Здружението за поддршка на маргинализирани работници Стар Стар вечер од 18 часот организира тричасовен уметнички перформанс на пет девојки, кој директно ќе се пренесува на фејсбук-страницата на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балканот и на партнерите со кои го организира настанот – ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини.
– Уметнички перформанс на пет девојки пред жешките излози на Универзална сала кои за момент ќе ви го доближат шармот на улицата на црвените фенери со борделите во Амстердам, но и на времето кога Скопје живеел боемски живот и се будел со првиот мрак и посетите на атрактивните сексуални работнички, соопшти Стар Стар.
Перформансот е во рамки на второто издание на „Skopje Red Light District 2020″ и Меѓународниот ден против насилството врз сексуалните работници.
-Сексуалната работа во нашето општество е заградена со непробоен ѕид од предрасуди. (И)легалниот статус, потешкиот пристап до здравствените услуги, големата изложеност на насилство и етикетирањето се причината да ги губиме основните човекови права. Секојдневно сме изложени на насилство не само од своите клиенти, туку и од органите на безбедноста што би требало да не заштитат, соопштија организаторите, наведувајќи дека голем дел од проблемите со кои се соочуваат сексуалните работници се должат на криминализацијата, рестриктивните закони, регулативи и практики.
Фото:
zase.mk