СП 2018: Билетите за финалето распродадени на шест часа пред почетокот – ММС
ММС

Објавено на: 07/15/18 11:35 AM

СП 2018: Билетите за финалето распродадени на шест часа пред почетокот

Нема веќе билети за финалето на Светското фудбалско првенство во Русија, објави ФИФА на својата веб-страница.

Во решавачкиот натпревар на турнирот, кој ќе се игра во Москва на стадионот „Лужники“ во Москва ќе се сретнат Франција и Хрватска.

Последната можност да се дојде билет навивачите имаа пред три часа кога се уште беа достапни билети од прва, втора и трета категорија.

Почетокот на финалето е закажан за 17 часот.

Извор: МИА