Мајка од Конектикат остана во шок откако открила дека нејзиниот шестгодишен син ја користел нејзината кредитна картичка, за да потроши мало богатство на својата омилена игра, во текот на последните неколку месеци.
Во јули годинава, Џесика Џонсон открила дека и’ недостигаат пари од сметката. Четириесет и едногодишната жена прво помислила дека се работи за измама, па се обратила во банката каде поднела пријата. До тогаш, трошоците веќе изнесувале 16.293 долари, но дури есента банката ја известила дека трошоците се оправдани и дека ќе мора да ја контактира компанијата Apple. Жената сфатила дека парите ги потрошил нејзиниот син откако ја контактирала компанијата и го видела пописот на трошоци од кредитната картичка.
Кога го забележала логото на Sonic знаела дека за тоа е виновно нејзиното дете. За жал, било предоцна за да се направи што било. Компанијата одбила да направи поврат на парите бидејќи не била поднесена жалба во рок од 60 дена.
Со оглед на тоа дека ниту Џесика ниту нејзиниот сопруг не ја активирале превентивната поставка на сметката, шестгодишното дете имало можност да ги користи нивните поврзани кредитни картички за да си купи помошни пакети во својата омилена мобилна игра Sonic Forces.
-Да знаев дека постојат опции за тоа, немаше да дозволам еден шестгодишник да направи сметка од речиси 20 илјади долари за виртуелни златни прстени – вели мајката.
Таа им порачува на сите родители да ги проверуваат поставките на своите сметки за да не им се случи и ним нешто вакво.
-Која возрасна личност би потрошила толку пари на вирутелни златни парички. Мојот син не разбрал дека парите не се реални, а и како би разбрал кога игра игра со цртани ликови во свет за кој знае дека не е вистински – додава Џесика.
Фото: Screenshot: New York Post
Извор: index.hr