Дел од заразените со коронавирусот се наоѓаат на болничко лекување, а меѓу нив има и такви во доста тешка состојба. Меѓу заразените има и здравствени работници, па поради ваквите податоци, експертите ја опишуваат ситуацијата во соседна Србија како тешка и сериозна.
Д-р Бранислава Миленковиќ од Клиниката за пулмологија при Клиничкиот центар на Србија оценува дека пациентите во болница во просек се задржуваат по десетина дена. Одговарајќи на прашањето какви последици врз белите дробови остава ковид-19 во споредба со обичното воспаление, таа вели дека симптомите се слични.
„Кога имаме воспаление предизвикано од ковид-19, многу почесто доаѓа до недостиг на кислород. Често гледаме пациенти кои велат дека имаат чувство на недостик на воздух“, вели докторката.
-Таа наведува дека по оздравувањето, пациентите и понатаму чувствуваат умор и малаксаност, што може да трае и до три месеца. Доколку таквата состојба се пролонгира, потребно е да се јават на лекар – советува пулмологот.
Фото: Илустрација / Freepik
Извор: b92.net