Утре официјално започнува скијачката сезона на Попова Шапка – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/20 5:44 PM

Утре официјално започнува скијачката сезона на Попова Шапка

Утре и официјално ќе започне скијачката сезона на Попова Шапка најавија од раководството. Ќе работат сите ски-лифтови и жичници, освен шестоседот кој лани беше пуштен во употреба.

Традиционално, како и секоја година на првиот ден од почетокот на скијачката сезона ќе има бесплатно скијање.

На скијачкиот центар Попова Шапка моментално има до четриесетина сантиметри снег. Реално е доволно за почеток на сезоната, но до Нова година од раководството се надеваат на нова снежна покривка, за да продолжи скијањето и во текот на јануари.

Цените на билетите остануваат исти. Сезонските ски-билети што лани ги купиле туристите, а не ги искористија затоа што воопшто не започна сезоната, ќе можат да ги искористат годинава.   (З.Д.)