Доктор, Каран Рај и’ стана познат на јавноста откако на ТикТок почна да дели совети поврзани со здравјето. Тој неодамна откри една работа, која изненади многумина – за вашето здравје е подобро да спиете со чорапи.
За многумина тоа може да не биде пријатно, но сепак чорапите ја подобруваат циркулацијата во стопалата и крвните садови така се шират. Кога се раширени, тие придонесуваат телото да постигне идеална температура за мирен и квалитетен сон – смета докторот.
Освен него, Националното здружение за спиење во Америка ги потврди предностите од спиењето со чорапи.
Од Здружението споделија и неколку совети за оние кои сепак сакаат да спијат боси. Во тој случај, стопалата може да ги замотате во некоја дополнителна прекривка или да ставите шише со врела вода на дното од креветот.
Извор: espreso.rs