Свечено денеска беше одбележувана 100-годишнината од првиот академски час на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Деканот на Филозофскиот факултет проф. д-р Ратко Дуев со своето свечено обраќање истакна дека со основањето на Филозофскиот факултет прек еден век почнува институционалниот развој на високото образование во нашата земја. Тој потенцираше дека само во последните три години на овој факултет се организирани 18 меѓународни конференции, 66 настани, трибини, летни школи.
– Кралската власт сметала дека со изучување на историја, филозофија, пегадодија, лингвистика и книжевност побргу ќе се асимилира населението во освоените територии од ппоследните војни преку предметни програми и учебници во кои нема место за зборот македонски и Македонија. Научните области кои се изучувале на факултетот по својата природа се посветени кон проучување на човекот, културата и општеството, развивање на критичката мисла, и тоа како да се создадат поправедни општества, да се образуваат доблесни граѓани. Најголемиот број студенти биле од Македонија. Високото образование им овозможува да ги осознаат сите општествени теории од антиката до нивното време, критички да ги проучуваат и анализираат делата на Пулевски и Мисирков, што ја засилува желбата за слобода и правда, демоктратија и создавање сопствена држава во која ќе можат слободно да се изразуваат и творат и да истражуваат на својот мајчин јазик, да бидат свои на своето. Иницијативата за создравање на друштвото „Вардар”, тајните кружоци ги предизвикале властите да се побара затворање на факултетот што довело до масовни демонстрации на студенти. Втората светска војна донесе нова окупација со истата намера факултетот да послужи за поинаква асимилација. Но, виското образование, веќе развиената свест на дипломираните и другите студенти, нивните разгласи меѓу населението неминовно станува предвесник за слободата и формирањето на ослободителната македонска држава. При крајот на војната со заклучоците на АСНОМ и програсувањето на Народна Република Македонија било јасно дека за изградба на институциите на државата и за опстојување како слободни луѓе е потребно образовано граѓанство, рече Дуев.
Тој потенцираше дека слободата и демократијата не се стекнуваат еднаш засекогаш, не се соништа и визии, туку вредности за кои мора секојдневно да се бориме не само со оружје, но и со образование на населението за да се обезбеди нивно опстојување. – Големиот број учени луѓе се гаранција за мирот, напредокот и стабилноста на една држава. Високото образование е најголемиот украс на слободата и демократијата. Тие се заеднички предуслов за напредок.
Ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” проф. д-р Никола Јанкуловски истакна дека овој датум претставува почеток на институционалниот развој на високото образование што по Втората светска војна ќе го оствари вековниот сон на македонскиот народ и неговите граѓани – создавање сопствен универзитет на кој ќе можат да учат и посетуваат настава на македонски јазик.
-Наставата започнала со 35 студенти по историја, педагогија, лингвистика и книжевност со наставници кои биле многу значајни имиња на тогашната култура и наука со докторати стекнати во Виена, Прага, Петровград, Париз, Москва, Берлин…Високото образование и пренесување на научната мисла кооја донела поголема свест кај младите студенти и така тие ја формирале младата македонска тајна револуционерна организација во јануари 1937 година била поднесена молба со факултетските власти потпишана од 53 студенти за основање на друштвото „Вадар” за негување на македонската култура, фолклор и традиција. Во рамкте на факултетот се отвора студентска библиотека, читалната била отворена за сите граѓани и била прва јавна библиотека во Скопје чиј фонд во 1928 година бил околу 60 илјади книги, а библиотечниот фонд по војната станува база на народната библиотека на Народна Република Македонија, рече Јанкуловски.
Тој потенцира дека ретко кој народ може да се гордее дека за 10 години, од 16 декември 1946 година, основањето на УКИМ во 1949 година, и формирањето на сите факултети до 1956 година, заокружил создавање на универзитет со сите научни области.
Мила Царовска, министер за образование и наука истакна дека цело едно столетие високо образование инаука во нашата држава говори долгогодишната традиција и огромниот научен потенцијал во доменот на хуманистичките и општествените науки, кои Филозофскиот факултет ги гради и создава од далечната 1920година.
– Исходите од влијанијата на кадрите и научниот придонес кој произлегува од Филозофскиот факултет е доказ дека без високот образование не може да функционира ниту една друга инстанца во општеството. Одржливиот развој на општеството е несомнено поврзан со ова што Филозофскиот факултет се залага преку своите научни програми. Ова е доказ за севкупниот стремеж на факултетот – не наука само поради наука, туку наука заради подобро општество за сите, рече Царовска.
Премиерот Зоран Заев преку видео-обраќање истакна дека 100 години Филозофски факултет е скапоцениот камен во науката и образованието во нашата земја.
-Како најстара високо образовна институција, Филозофскиот факултет е темелот и маркантно обележје и во историјата на современата македонска држава. Во текот на измитатите 100 години професорите на Филозофскиот факултет беа знаменовци во етаблирањето на општествените науки и хуманистичките дисциплини кои едуцираа и внесуваа во науката плејада идни научници, општественици и професори. На Филозофскиот факултет беше привилегија да се слушаат предавања на големите имиња на македонската наука Михаил Петрушевски, Харалампије Поленаковиќ, Љубен Лапе, Јонче Јосифовски, Јован Трифуновски….од врутокот на универзитетската мисла произлегоа генерации млади луѓе кои се стекнуваа со образование и научна методологија за љубовта кон мудроста, етиката, солидарноста, праведноста, моралот, правдољубивоста и одговорноста, потенцира Заев.
Претседателот на државата Стево Пендаровски честитјаќи го јубилејот преку телеграма истакна дека Филозофскиот факултет е јадро на македонското високо образование и речиси нема наставно-образовна и научно-истражувачка дејност во фундаменталните хуманистички, општествени и историски науки во која овој факултет нема дадено свој значаен придонес.
Веќе еден век факултетот учествува во чувањето на дел од нашиот културен, историски идентитет по создавањето на дговорни и партиципативни академски граѓани и во градењето на свеста за хумано и солидарно општество. Ваулите на Филозофскиот факултет секоја генерација одново ги начнува фундаменталните прашања за човекот, општеството и творештвото, но и трага за решенија за големите предизвици. Пример за тоа е пандемијата на Ковид-19 што има своја етичка, економска, социјална, социолошка димензија, рече Пендаровски.
Претседателот на Собранието Талат Џафери преку видео-обраќање истакна дека за поздравување е научно-истражувачка дејност на Физлофоскиот факултет преку постојните центри и издавањето на научните списанија од меѓународен карактер и се разбира плодната меѓународна соработка со универзитетите од светот.
-Тоа е само уште една потврда дека во ниту еден миг не застанавте, и се носите рамо до рамо со вашите еквиваленти низ светот. Иако, знам дека тоа не е лесно да се постигне, особено ако се има предвид дека немањето на финансиска независност, немањето на кадровската автономија, влијае многу во постигнувањето на зацртаните и во крајна инстанца, посакуваните цели. Секако дека сум свесен колку е мал процентот што се издвојува од државниот буџет за развојот на науката и научната мисла, што од друга страна, предизвикува незадоволство и демотивација кај нашиот научен кадар, а следствено на тоа и кај нашите студенти и идни академски граѓани. Тоа предизвикува одлив на мозоци, мал број објавени научни трудови поради соодветно малиот број реализирани истражувања кои не би биле ни толку, доколку ја немаат поддршката од факултетот или иницијативноста на самите професори.Сепак, сите сме свесни дека како држава, поминуваме низ навистина тешки, одлучувачки фази од опстојувањето и заземањето цврста позиција на светската карта. Постигнувањето на едната стратешка определба, секако е голема и многу важна работа, меѓутоа, се уште не е се завршено. Пред нас претстои нов предизвик, ново искушение кое ќе треба мајсторски и со трпение да се надмине и менаџира. За тоа е потребна сета државничка стратегија, интелектуална моќ, сиот капацитет што го поседува и вашиот факултет и сите универзитети во земјава,и Македонската академија на науките и уметностите и потенцијалот на целиот политички спектар во Република Северна Македонија. Потребно е унисоно делување и изодување на овој наш заеднички пат, посочува Џафери.
Од почетните 140 студенти, денеска Филозофскиот факултет е големо семејство со над 20 илјади дипломирани студенти, магистри и доктори на науки и 2500 активни студенти на сите студиски програми. На крајот на свеченоста беше промовиран јубилејниот број на Годишниот зборник на Филозофскиот факултет во Скопје.
МИА