Вчеравечер со половина час задоцнување поради краткиот дожд и настапот на рок групата Ван гог, започна втората вечер на „Пивофест“. На пивофестовската сцена прозвучија познатите рок рефрени „Мама“,„Ово је земја за нас“, за да веднаш после нив настапи Дарио со познатите „Дај да заспијам“, „Косоока“, „Плачела“…
По настапот на Дарио, паузата траеше малку подолго од вообичаеното. Настапот на „Црвена Јабука“ почна со задоцнување затоа што пејачот Дражен едноставно беше заборавен во хотелот, а според неофицијални информации тоа се случило бидејќи бил под дејство на алкохол. Сепак, се’ се реши набрзина, а публиката уживаше потоа во нивниот настап на добро познатите хитови на оваа балканска група. Финишот го имаше MOSSEL.
Вечерва на програмата се Fortissimo Band & Goce Coki, Next time, Џенан Лончаревиќ и Жељко Јоксимовиќ.