Институтот за човекови права, денеска, по повод Денот на човековите права организира конференција во рамки на проектот „Човекови права за сите”.
Проектот е поддржан од Европска Унија и Град Скопје. На оваа конференција ќе биде промовирано значењето на пристапот заснован на човекови права, Методологиите за пристап заснован на човекови права, Извештајот за човекови права 2020 и пристапот до бесплатна правна помош за граѓаните на Република Северна Македонија.
Говорници ќе бидат Маргарита Цаца Николовска – претседателка на Институтот за
човекови права, Фросина Тасевска – државен секретар во Министерство за правда и Агнес Таибл од Институтот Лудвиг Болтцман, како и учесниците во проектот Томислав Ортаковски, Мартина Смилевска Кчева и Оливер Алексов.
Фото:
cihrs.org