Се врати на старо: Кети Пери го промени изгледот – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/20 12:13 AM

Се врати на старо: Кети Пери го промени изгледот

Поп ѕвездата, Кети Пери објави фотографија на својот инстаграм профил, па на обожавателите им покажа дека конечно се вратила на својата препознатлива боја на коса. Таа всушност објави неколку фотографии со кои порача дека повторно е црнка.

По „русокосата фаза“ која ја почна во 2017. година речиси и да немаше прилика во која можевме да ја видиме Кети Пери во она издание по кое ја паметиме уште од  поодамна.

За обожавателите на оваа музичка ѕвезда, русата коса се поврзува со период од нејзината кариера со кој таа и не може да се пофали. Имено, Пери во 2017. година не доживеа комерцијален успех иако тогаш го промовираше студискиот албум “Witness”.

За потсетување, таа се породи во август годинава, а ова беше нејзино прво појавување во јавноста откако ја доби ќеркичката.

 

Фото:   Instagram / katyperry

Извор:  kurir.rs